24фудбал

Удинезе е минато, Несторовски го бира следниот тим

Со крајот на месецов завршува и договорот на Илија Несторовски со Удинезе, македонскиот напаѓач има неколку опции, негово е да одбере каде ќе продолжи.

Македонија

Според новинарот Алфредо Педула, Лече е заинтересиран за Несторовски. Тие следната сезона ќе играат во Серија А, па сакаат нападот да го засилат со македонскиот репрезентативец.

Се верува дека интерес има од уште неколку италијански клубови, пред се од Серија Б.

Несторовски има понуда и од Англија, од Вотфорд, но таа понуда финансиски не била привлечна за него.

Опција е и клуб од Обединетите Арапски Емирати каде што финансиски може најдобро да помине, но негово е дали ќе остане во Европа или ќе тргне по парите на истокот.