24фудбал

Ливерпул го договори третото и последно засилување за ова лето

Медиумите од Англија пренесуваат дека Ливерпул го договорил трансферот на Калвин Ремзи од Абердин, 18 годишниот десен бек ќе биде трето и последно засилување за „црвените“ ова лето.

Англија

Иако трансфер пазарот официјално се отвара на 1. јули, Ливерпул веќе ја заврши задачата кога се во прашања засилувањата на тимот.

Попладнево пристигна информација дека е договорен трансферот на Калвин Ремзи од Абердин, кој ќе биде замена за Трент Александер Арнолд.

Според пишувањата на Скај Спортс, „црвените“ за 18 годишниот десен бек ќе платат околу 6,5 милиони фунти.

Калвин Ремзи ќе биде трето и последно засилување за Јирген Клоп ова лето, по Фабио Карваљо и Дарвин Нуњез.