24фудбал

Арсенал е многу блиску до ангажман на Габриел Жесус, „топчиите“ се сложиле да платат речиси 50 милиони фунти

Како што пренесува Тајмс, Арсенал е многу блиску до ангажман на Габриел Жесус, „топчиите“ се сложиле да платат речиси 50 милиони фунти, колку што бараат „граѓаните“ за услугите на Бразилецот.

Англија

Микел Артета е на добар пат да го добие првото засилување за новата сезона и да го донесе Габриел Жесус во Северен Лондон.

Арсенал се сложил да плати речиси 50 милиони фунт, односно сумата која ја бара Манчестер Сити за услугите на Бразилецот.

Напаѓачот има уште една година од договорот, па многумина сметаат дека ова е превисока бројка.

Со една ваква зделка, „граѓаните“ практично го покриваат трансферот на Ерлинг Халанд, за кого на Борусија Дортмунд и платија 51 милион фунти.