24фудбал

Игор Алексовски е прво засилување на Работнички за следната сезона

Работнички го претстави голманот Игор Алексовски како прво засилување на тимот за следната сезона.

Македонија

„Голманот Игор Алексовски е ново засилување за Работнички. Членот на „златната генерација“ млади македонски фудбалери до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, потпиша едногодишен договор со нашиот клуб и во претстојната сезона ќе го чува голот на Работнички“, стои во соопштението на Работнички.

Алексовски во Работнички доаѓа од Ренова, а претходно беше член и на Македонија ЃП, Вардар и Шкупи.

„Работнички е еден од најреномираните клубови во Македонија и ќе ми биде чест да го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, вели Игор Алексовски.