24фудбал

Дани Алвеш емотивно се збогуваше со Барса откако клубот одлучи да не му го продолжи договорот

Барселона реши да не му даде нов едногодишен договор на Дани Алвеш, тој преку соопштение се збогува со фановите и им се заблагодари на сите во клубот.

Шпанија

Дани Алвеш кој прифати да игра за минимална плата минатата сезона во Барселона, нема да продолжи на Камп Ноу.

Тој сакал да остане, барем и на една полусезона со цел да биде подготвен за Светското првенство, но клубот одлучил дека не им е веќе потребен и не му го продолжија договорот.

Алвеш преку соопштение му се заблагодари на клубот за шансата да се врати уште еднаш во Барселона и се збогува со навивачите.

„Дојде време за наше збогување. Поминаа повеќе од осум години посветени на овие бои и на овој дом... но како и сè во животот, годините минуваат, патиштата се раздвојуваат и се пишуваат приказни од различни места - и така и беше. Тие се обидоа да се ослободат од мене но не можеа, добро, не можете да замислите, или можеби можете колку сум отпорен и издржлив“, вели Алвеш.

„Уште неколку години поминаа додека фудбалот и животот, кои како и секогаш се многу дарежливи кон оние кои ги почитуваат, одлучија да ми дадат шанса да се вратам тука и да можам да се збогувам“.

„Но не се збогувам без претходно да им се заблагодарам на оние кои се зад рефлекторите, на сите кои гарантираат дека сè е соврешено за нас, до сите нив: ВИ БЛАГОДАРАМ“.

„Исто така би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал кој ми даде шанса да се вратам во овој клуб и да го облечам овој магичен дрес уште еднаш, тие не знаат колку сум среќен... да се надеваме дека нема да им недостасува мојата лудост и среќа секој ден“.

„Да се надеваме дека и тие што остануваат ќе направат историја во овој клуб, од дното на моето срце се надевам дека тоа ќе се случи“.

„Тоа беа 23 освоени титули, 2 тројни, една шестка и голема книга испишана со златни букви“.

„Завршува еден многу убав циклус и започнува друг уште попредизвикувачки циклус. Светот никогаш да не заборави: ДУРИ И АКО ЛАВОТ Е 39 ГОДИНИ СТАР, ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ ЛУД ЛАВ. Засекогаш, НАПРЕД БАРСА“.