24фудбал

Ботман продолжува да ги одбива милионите на Њукасл и го чека Милан, истото го прави и Де Кетеларе

Свен Ботман и понатаму не сака да слушне за трансфер во Њукасл и го чека Милан и покрај тоа што клубот од Премиерлигата нуди повеќе пари, истото го прави и Шарл де Кетеларе, кој има понуда од Лестер.

Италија

Свен Ботман и Шарл де Кетеларе се на врвот од листата со желби на Паоло Малдини и Рики Масара, но зделките воопшто не се лесни поради конкуренцијата од Премиерлигата.

Сепак, Милан како адут ја имаат желбата на фудбалерите да го облечат „црвено-црниот“ дрес.

Свен Ботан и понтаму продолжува да го одбива Њукасл, кој на маса има ставено повеќе пари. Клубот од Сент Џејмс Парк полека го губи трпението и поставува ултиматум, односно чека конечен одговор во следните денови или ќе тргне по други цели.

Слична е и ситуацијата на Шарл де Кетеларе, Лестер е подготвен да плати 35 милиони евра за неговите услуги, но приоритет на талентираниот Белгиец е преселба на Сан Сиро, веќе се има договорено со Милан и чека „росонерите“ да пронајдат дил со Клуб Бриж за висината на трансферот.