24фудбал

Донарума се чудеше кога направил грешка при вратена топка, па му направија цела компилација (ВИДЕО)

Џиџо Донарума синоќа влезе во расправија со новинар, се чудеше на прашањето за грешките при вратена топка, па тифозите му направија видео компилација за да го потсетат на киксовите.

Останато

Италија синоќа доби фудбалска лекција од Германија и загуби со 5-2 на гостувањето во Менхенгладбах.

Џиџо Донарума беше виновен за последниот гол на домаќините, голманот лошо реагираше при една вратена топка, па по крајот на натпреварот доби прашање за киксовите кога топката е во негови нозе.

Голманот влезе во расправија со новинарот, се чудеше на прашањето и се правдаше дека нема направно грешки, односно дека киксот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони бил фаул.

„Кога се случило тоа претходно? Кога бев фаулиран против Реал Мадрид? Доколку сакаме да креираме контроверзи за овие работи, тогаш во ред – рече Џиџо Донарума.

Многу новинари и медиуми го осудија однесувањето на Џиџо Донарума, а тифозите му направија видео компилација од сите грешки при вратена топка.