24фудбал

Академија Пандев и Шкендија ги дознаа можните противници за второто квалификациско коло во КЛ

Денеска беше извршена ждрепката за второто квалификациско коло од Конференциската лига, па Академија Пандев и Шкендија ги дознаа можните противници.

Македонија

Ако Академија Пандев го помине тимот на Лехија од Гдањск, во второто квалификациско коло ќе игра против Рапид Виена. Нашиот тим би гостувал на првиот меч.

Шкендија ако ја помине екипата на Арарат, во второто коло ќе игра против Валмеира од Летонија. Според ждрепката и Шкендија е гостин на првиот меч.

Во второто квалификациско коло од КЛ може да игра и Шкупи ако загуби од Линколн во квалификациите од ЛШ. Тие за противник би го имале поразениот од дуелот меѓу Тобол и Ференцварош.

Македонија ЃП која директно се пласираше во второто квалификациско коло од КЛ, ќе игра против ЦСКА Софија.