24фудбал

Селекторот на Унгарија, Роси по победата над Англија: Кога ќе умрам ќе има минута молк за мене на унгарските стадиони

Италијанскиот стратег, Марко Роси кој е селектор на Унгарија со голем успех ја води репрезентацијата на својата земја, а синоќа ја победија Англија на нејзин терен со 4-0.

Останато

Унгарија синоќа го шокираше светот откако со 4-0 ја победи Англија. А дека резултатите не се случајност, стои фактот дека по четири одиграни кола тие се на врвот во групата со седум бода, а зад нив се Германија, Италија и Англија.

Запрашан како ќе ја прослави победата, Роси рече дека ќе оди на концерт на Ред Хот Чили Пеперс на Пушкаш Арената кој треба да се одржи денеска.

А потоа беше прашан и што значи оваа победа над Англија која ќе биде запишана во историјата на унгарскиот фудбал.

„Тоа значи дека кога ќе умрам, а се надевам дека тоа ќе биде за долго време од сега, ќе има минута молк за мене на стадионите во Унгарија“, рече Роси.