24фудбал

Англија доживеа тежок дебакл, пораз како никогаш претходно во својата историја (ВИДЕО)

Унгарија со неверојатни 4-0 ја победи Англија на нејзин терен во четвртото коло од Лигата на нации, тежок пораз на Англичаните каков што никогаш претходно не доживеале.

Останато

Со два порази и два нерешени натпревари Англија ги заврши натпреварите во јуни во Лигата на нации, имаат само два бода и се на последното место на табелата.

Посебно болен беше денешниот пораз на свој терен со 4-0 од Унгарија.

Англија никогаш до овој меч не доживеала пораз со 4 или повеќе голови без притоа да даде некој погодок. Па овој дебакл ќе влезе во историјата како прв таков загубен меч за нив.

Салаи даде два гола, по еднаш погодија Наџи и Газдаг. Англија мечот го заврши и со фудбалер помалку откако Стоунс во 82. минута заработи втор жолт картон.

Во другиот меч од групата Германија со 5-2 ја победи Италија, извештајот од овој меч можете да го прочитате ТУКА.

Возбудливо беше во Холандија каде домаќинот со 3-2 го совлада Велс.

Во финишот беше 2-1 за Холанѓаните, а Бејл во 92. минута изедначи за 2-2. Сите мислеа дека тоа ќе биде и конечниот резултат, но Депај даде гол во следната минута и донесе победа од 3-2 за Холандија.

Белгија со гол на Батшуаи победи на гостувањето кај Полска со 1-0.

Во Лига Б, БиХ со 3-2 ја победи Финска, Црна Гора со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Романија, Шкотска со 4-1 победи кај Ерменија, а Украина и Република Ирска одиграа 1-1

Во Лига Ц, Луксембург и Фарски Острови одиграа 2-2, Турција со 2-0 ја совлада Литванија.

Во Лига Д, Молдавија со 2-1 беше подобра од Андора, а Летонија со 2-0 победи кај Лихтенштајн.