24фудбал

Реал Мадрид подготвил 90 милиони евра за наследникот на Модриќ

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид со 90 милиони евра ќе тргне по потписот на Џад Белингам, младиот Англичанец треба да биде наследник на Лука Модриќ.

Шпанија

„Кралевите“ минатото лето го донесоа Едуардо Камавинга, оваа недела беше потврден трансферот на Орелиан Чуамени, но тука нема да престане подмладувањето на тимот.

Кадена Сер пренесува дека Реал Мадрид ќе тргне по потписот на Џад Белингам од Борусија Дортмунд, Флорентино Перез подготвил 90 милиони евра за младиот Англичанец.

Но со оглед на тоа дека Реал Мадрид нема место за фудбалери надвор од ЕУ, трансферот не може да се случи ова лето, па „кралевите“ ќе се обидат да постигнат дил со Борусија Дортмунд зделката да се реализра по 12 месеци.

Проблем може да преставува интересот на Ливерпул, „црвените“ се подготвени да платат и до 100 милиони евра за да го купат Џад Белингам.