24фудбал

Баерн ги одреди условите за трансфер на Левандовски, Барселона ќе треба да плати 50 милиони евра

Според информациите на Радио Каталуња, Баерн Минхен бара 50 милиони евра за трансфер на Роберт Левандовски, исто така, целата сума треба да биде платена одеднаш .

Шпанија

Роберт Левандовски во неколку наврати јавно кажа дека сака да замине од Баерн Минхен и потврди дека желба му е да го облече дресот на Барселона.

Баерн Минхен нема лесно да се откаже од напаѓачот, и според Радио Каталуња, шампионот на Германија ги одредил условите за трансфер.

Барселона ќе треба да одвои 50 милиони евра за ангажман на Полјакот, и целата сума треба да биде платена одеднаш. Во моментов „каталонците“ имаат финансиски потешкотии и не можат да си дозволат ваква зделка.