24фудбал

Модриќ: Ова не е хумано, не е нормално

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ е среќен што сезоната конечно заврши и може да одмори, вели дека не е хумано во една сезона да се одиграат толку натпревари.

Останато

УЕФА одлучи по крајот на клупската сезона да закаже по четири натпревари за репрезентациите во рок од десетина дена. Тоа беше исцрпувачки за многу од фудбалерите.

Синоќа Хрватска ја победи Франција со 1-0 и тоа беше последниот меч оваа сезона за Лука Модриќ.

„Се разбира дека сме среќни со победата над Франција, но пред се бидејќи заврши овој дел од турнирот. Ја заслуживме победата над Франција и во минатото бевме блиску до тоа, не не успеавме. Сега успеавме и среќни сме“, вели Модриќ.

„Секој натпревар за националниот тим е важен, но треба да ја кажам вистината: Загрижен сум за густината на натпреварите. Ова не е хумано и не е нормално. Игравме четири натпревари за 10 дена и на секој треба да дадеш 100 проценти. Вистина, на овие натпревари требаше да дадеме и повеќе од 100 проценти на теренот. За среќа завршија“.