24фудбал

Барселона објави видео, за Пике нема одмор, напорно тренира (ВИДЕО)

Жерар Пике му ветил на Лапорта дека напорно ќе работи и следната сезона ќе се избори за стартната позиција без разлика кој дефанзивец ќе го донесат.

Шпанија

Очигледно зборовите Пике ги претворил и во дела. Во време кога може да биде на одмор, тој напорно тренира и се подготвува за следната сезона.

Барселона објави видео од Пике и напиша дека нема одмор.

Откако Чави му рече дека нема да смета на него поради бурниот ноќен живот, Пике вети дека со дела ќе покаже дека заслужува да биде стартер, ќе се фокусира само на фудбалот и ќе работи напорно. Изгледа дека веќе почнал.