24фудбал

Академија Пандев и Шкендија ги добија противниците во Конференциската лига

Академија Пандев ќе игра против полскиот тим Лехија Гдањск, додека Шкендија ќе се сретне со Арарат од Ерменија, вака реши денешната ждрепка за првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Македонија

Македонскиот вицепрвак, Академија Пандев немаше среќа, го доби можеби најтешкиот можен противник од групата, ќе игра против Лехија Гдањск од Полска.

Шкендија беше носител во ждрепката, но од потенцијалните неносители кои можеше да ги добие им се падна најтешкиот, Арарат од Ерменија.

Првите натпревар се на 7 јули, Шкендија е домаќин на првиот меч, а Академија Пандев е гостин. Реваншите се седум дена подоцна.