24фудбал

Шкупи доби посакуван противник во првото квалификациско коло од ЛШ

Македонскиот шампион, Шкупи во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра против Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Македонија

Денеска беше извршена ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а нашиот претставник помина одлично.

Чаирчани ги избегнаа Шериф, Слован Братислава и Карабах кои им беа потенцијални противници и посилни од оној кој го добија.

Го добија Линколн од Гибралтар. Но македонскиот тим треба да биде претпазлив бидејќи овој тим минатата сезона играше во групната фаза од Конференциската лига.

Шкупи е домаќин на првиот меч кој се игра на 5 или 6 јули, а реваншот е една седмица подоцна во Гибралтар.