24фудбал

Струга го задржа капитенот, Буњамин Шабани го продолжи договорот

Струга Трим Лум успеа да го задржи Буњамин Шабани кој е капитен на тимот и еден од најдобрите играчи во составот.

Македонија

„Со задоволство ве информираме дека постигнавме договор со капитенот Буњамин Шабани за продолжување на соработката за уште една година. На овој начин Шабани ќе продолжи да им служи на црвено-белите бои во остварување на нови цели“, стои во соопштението на клубот.

Претходно Струга Трим Лум го ангажираше Бесарт Ибраими. Целта им е пласман на позициите кои водат во Европа.