24фудбал

Пике му рекол на Лапорта: Јас ќе бидам стартер, донеси го најдобриот дефанзивец во светот, тој ќе биде замена

Каталонскиот весник „Спорт“ ја пренесува реакцијата на Жерар Пике по одлуката на Чави тој да биде исфрлен од тимот поради бурниот ноќен живот кој го има во последно време.

Шпанија

Чави решил да не смета на Пике и побарал од раководството на Барселона да му донесе нов централен дефанзивец, негова желба е Жил Кунде од Севиља.

Лапорта имал состанок со Пике за да го укори за ноќниот живот кој го има, но од искусниот дефанзивец добил неочекуван одговор. Пике е подготвен да ја покаже својата вредност и да игра на највисоко ниво во следната сезона.

Пике му ветил на Лапорта дека приватниот живот ќе го стави на мирување и ќе се фокусира исклучително на фудбалот. Дека и на 35 години ќе покаже дека се уште е најдобар. 

Тој му ја кажал намерата дека планира да го испочитува договорот до крај од кој има уште две години и ќе прифати намалување на платата за да може да се регистрираат новите засилувања.

Тој бил толку мотивиран што во еден момент од состанокот тој му рекол на Лапорта: „Ќе бидам стартер. Ако имаш муда донеси го најдобриот дефанзивец во светот, а тој ќе биде моја замена“.

Со ова Пике му рекол дека не се плаши од конкуренција, го прифаќа предизвикот да донесат нов централен дефанзивец, но тој ќе работи напорно и ќе се избори да биде стартер.