24фудбал

Хрватска ја победи Франција во Париз (ВИДЕО)

Хрватска со 1-0 ја победи Франција на нејзин терен во меч од Лигата на нации, Модриќ од пенал беше стрелецот на единствениот гол на натпреварот.

Останато

Клучниот момент се случи уште во петтата минута кога беше досуден пенал за Хрватска, а Модриќ успешно го реализираше за водство од 1-0.


Франција иако во сите 90 минути во нападот ги имаше Бензема и Мбапе, не успеа ниту еднаш да ја затресе мрежата на Хрватите.

Франција по четири одиграни меча има само два бода во Лигата на нации, Хрватска со седум бода е втора. Лидер со девет бода е Данска која денеска со 2-0 беше подобра од Австрија.

Во Лига Б, Исланд и Израел ги поделија бодовите играјќи нерешено 2-2.

Во Лига Ц, Казахстан со 2-1 ја победи Словачка, а Азербејџан со 2-0 ја совлада Белорусија.