Луис Суарез на Барселона и го препорачал својот сонародник Дарвин Нуњез, „каталонците“ можеле да го купат за 15-20 милиони евра но не го послушале советот на напаѓачот.
Категорија: Останато 13.06.2022 11:05
Утрово Бенфика го потврди трансферот на Дарвин Нуњез во Ливерпул, Уругваецот ќе стане најскапиот играч на „црвените“ во зделка вредна 75+25 милиони евра.
Кариерата на напаѓачот можела да биде сосема поинаква доколку Барселона го послушала Луис Суарез.
„Го препорачав Дарвин Нуњез на Барселона кога тој беше во Алмерија“ – изјави неодамна Луис Суарез. „Имам 15 години искуство од фудбал во најразлични земји и знам да препознаам добар напаѓач“.
„Им реков, „обрнете внимание на овој играч, тој е многу добар, покажува интересни работи“. Ми кажаа дека играл во Алмерија и дека е премногу млад“.
„Можеа да го купат за 15-20 милиони евра, а сега треба да платат 80-90 или 100 милиони евра“.