24фудбал

Кимих: Кога размислував да го напуштам Баерн Минхен, си замина Анчелоти, па останав

Германскиот репрезентативец, Џошуа Кимих открива дека во сезоната 2016/17 размислувал за заминување од Баерн Минхен бидејќи не бил стандарден под водство на Карло Анчелоти.

Германија

27-годишниот Кимих од 2015 година е во Баерн Минхен, но сезоната кога Карло Анчелоти го водеше тимот, тој не беше стандарден.

„Не играв колку што сакав и размислував да го напуштам клубот. Но, тогаш Карло Анчелоти си замина и јас повторно станав стандарден првотимиец. Освоивме се, и никогаш веќе не помислив на тоа“, вели Кимих.

Кимих сениорската кариера ја почна во Лајпциг во 2013 година, а Баерн Минхен е неговиот втор тим, тој има договор со Баварците до 2025 година.