24фудбал

Облак: Да постоеше Југославија, сега ќе се боревме за Светски шампиони

Во пресрет на мечот меѓу Словенија и Србија, голманот Јан Облак беше прашан и какви шанси би имала Југославија денес на едно Светско првенство.

Останато

Денеска со почеток од 20:45 часот во Љубљана, Словенија ја пречекува Србија во натпревар од Лигата на нации. Мечот во Белград заврши со победа на Србите од 4-1.

Главна ѕвезда во составот на Словенија е голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Тој доби прашање од „Спорт Клуб“ и за шансите Југославија во денешниот фудбал.

„Не знам дали би можеле да се качиме на кровот на светот. Погледнете ги денес Србија, Хрватска и другите светски екипи исто така. Убеден сум, дека тој тим би изгледал навистина многу моќно. Сигурен сум дека Југославија би имала статус кандидат за освојување на првото место на Светско првенство“, изјави Облак.

Тој имаше пофалби и за селекторот на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси.

„Пикси е легенда на југословенскиот фудбал, сите тоа го знаеме. Со неговото доаѓање тој формираше тим и одлична атмосфера во тимот. Србија секогаш имала извонредни фудбалери од големи клубови, но во последно време не бележеше значајни резултати. Со Пикси изгледаат многу подобро и поконкретно. Очигледен е напредокот во играта. Им посакувам се најдобро на Мундијалот во Катар, а нас ни останува да бидеме многу подобри против нив во Љубљана отколку што бевме во Белград“.