24фудбал

Фудбалер на Штутгарт уаспен на Ибица поради силување

Фудбалерот на Штутгарт, Атакан Каразор заедно со негов пријател се уапсени поради наводно силување додека биле на одмор на островот Ибица.

Германија

18-годишна девојка ги пријавила двајцата за силување по што тие биле приведени. Случајот го потврди и Штутгарт.

„Фудбалерот на Штутгарт, Атакан Каразор е уапсен додека бил на одмор на Ибица. Тој тврди дека не го направил тоа. Фудбалскиот клуб Штутгарт е во постојан контакт со неговиот адвокат“, стои во соопштението на Штутгарт.

Двајцата се во притвор од средата и чекаат испитување по кое ќе биде одлучено дали ќе бидат пуштени или ќе останат во притвор.