24фудбал

Роналдо е ослободен од обвинувањата за силување

Судот во Лас Вегас ја отфрли тужбата поднесена од поранешната манекенка Кетри Мајорга против Роналдо за силување кое наводно се случило во 2009 година.

Останато

Роналдо го доби случајот против Кетрин Мајорага. Судијката на окружниот суд во Лас Вегас, Џенифер Дорси ја отфрли тужбата поради тоа што тужителот незаконски присвоил документи кои сака да ги употреби против тужениот.

„Набавката на новите документи во случајот се лошонамерни. Новите документи против Роналдо се незаконски присвоени и нивната содржина се коси со сржта на изјавата на Мајорга“, изјави судијката во Лас Вегас.

Случајот датира од 2009 година, тогаш Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во хотелска соба. Тогаш Португалецот и платил 375.000 долари за да не го вознемирува и да му го нарушува имиџот откако таа му се заканила дека ќе го обвини за силување.

Но во 2018 година случајот се обнови откако Кетрин Мајорга реши да покрене тужба. Веројатно таа сметала дека повторно ќе добие некоја поголема сума на пари, но Роналдо чувствувајќи се невин, реши да оди на судење кое на крајот го доби и беше прогласен за невин.