24фудбал

Депај промаши пенал во 91. минута за победа на Холандија (ВИДЕО)

Холандија и Полска одиграа 2-2, а Мемфис Депај пропушти шанса од пенал во 91. минута да донесе победа за својата репрезентација.

Останато

Со головите на Кеш и Зиелински, Полска имаше водство со 2-0, а Холандија преку Класенс и Думфирс успеа да изедначи на 2-2.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши со тој резултат, Холандија доби пенал со помош на ВАР поради играње со рака на фудбалер на Полска во својот шеснаесетник.

Шутираше Депај, но ја погоди само стативата.