24фудбал

Брзата лекарска интервенција му го спасила животот на бугарскиот фудбалер

Бугарскиот фудбалер, Тодор Неделев е во стабилна состојба по операцијата која му беше направена, а портпаролот на репрезентацијата рече дека тој е жив благодарение на брзата лекарска интервенција.

Останато

Синоќа бугарските фудбалери имаа сообраќајна несреќа во Тбилиси каде што утре треба да го играат мечот со Грузија.

Најдебелиот крај го извлече фудбалерот Тодор Неделев кој доби сериозни повреди на главата. Веднаш бил префрлен во болница каде му била направена операција која траела околу два часа. Сега тој е во стабилна состојба, но таму ќе остане една седмица под надзор на доктори.

„Неделев е во стабилна состојба. Цела ноќ бевме со него во болница. Мораше да биде опериран за да бидат избегнати посериозни последици. Брзата реакција на лекарите му го спаси животот. Благодарни сме им на грузиските власти и на медицинската екипа“, изјави портпаролот на бугарската репрезентација, Виктор Игнатов.