24фудбал

Мбапе ја спаси Франција од пораз во Австрија, Пашалиќ донесе победа за Хрватска (ВИДЕО)

Австрија беше блиску до победа против Франција, но Мбапе со гол во финишот ги спаси Французите од пораз, мечот заврши 1-1, Хрватска со гол на Пашалиќ ја совлада Данска на нејзин терен со 1-0.

Франција

Австрија поведе со гол на Веиман во 37. минута, тој резултат долго време беше актуелен, Франција се обидуваше да дојде до израмнување, а во тоа конечно успеа во 83. минута кога Мбапе реализираше една контра и ги постави конечните 1-1.


Во другиот меч од групата, Хрватска со гол на Пашалиќ во 69. минута ја победи Данска на нејзин терен со 1-0.


По три одиграни кола Данска е прва со шест бода, Австрија и Хрватска имаат по четири, а Франција е последна со само два освоени бода.

Во Лига Б, Албанија на свој терен загуби од Израел со 2-1.

Во Лига Ц, Словачка со 1-0 славеше на гостувањето кај Азербејџан, а Белорусија и Казахстан ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Во Лига Д, Летонија со 4-2 славеше кај Молдавија, а Андора со 2-1 го совлада Лихтенштајн.