24фудбал

ПСЖ и Милан ќе треба да го почекаат Нкунку една година, следното лето ќе можат да го купат за 60 милиони

Медиумите од Германија пренесуваат дека Кристофер Нкунку ќе стави потпис на нов договор со РБ Лајпциг, напаѓачот ќе добие значително повисока плата и клаузла според која ќе може да замине за 60 милиони евра во 2023 година.

Германија

Кристофер Нкунку имаше одлична сезона во дресот на „биковите“ па го привлече вниманието на клубови како Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Милан.

Французинот сепак нема да направи трансфер ова лето, медиумите од Германија пренесуваат дека тој ќе стави потпис на нов договор со РБ Лајпциг.

Како дел од новата соработка, Кристофер Нкунку ќе добие значително поголема плата како и откупна клаузла според која ќе може да замине во 2023 за 60 милиони евра.

Оваа сума не е висока за денешни услови, па доколку напаѓачот продолжи со одличните партии, сигурно следното лето ќе направи трансфер.