24фудбал

Агентот на Зидан демантира, немаме никаков контакт со ПСЖ

Денеска речиси сите медиуми објавија дека Зинедин Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ, но изненадувачки стигна демант од агентот на Зизу.

Франција

Се чинеше дека работата е готова, но агентот на Зидан, Миљачио за „Л'Екип“ ги демантира денешните вести.

„Сите гласини за договор со ПСЖ се лажни. Ниту Зидан, ниту јас сме контактирани директно од сопственикот на ПСЖ. Јас сум единствениот кој има дозвола да зборува за Зидан и да го претставува него“, изјави агентот, Миљачио.

Времето ќе покаже кој ја говори вистината, дали медиумите или агентот на Зидан.