Белгија со убедливи 6-1 ја победи Полска, супер интересно беше на мечот меѓу Велс и Холандија каде гостите победија со 2-1.
Категорија: Останато 08.06.2022 22:58
Полска прва дојде во водство, во 28. минута Роберт Левандовски погоди за 0-1, но само како да ја налути Белгија.
Белгијците до крајот дури шест пати ја тресеа мрежата на Полска, Тросар даде два гола, по еднаш погодија Витсел, Де Брујне, Дендонкер и Опенда.
Меч со возбудлив финиш одиграа Велс и Холандија. Холанѓаните водеа со гол на Копмајнерс во 50. минута од мечот.
Кога се очекуваше дека така и ќе заврши мечот, почна драмата. Во 92. минута Велс изедначи преку Дејвис, а во 94. минута Холандија дојде до победа откако Вегхорст даде гол со глава за конечни 1-2.
Во Лига Б, Украина со 1-0 победи на гостувањето кај Република Ирска, а Шкотска со 2-0 ја совлада Ерменија.