24фудбал

„Поразот од Македонија во Тбилиси, ќе нѐ боли до крајот на животот“

Капитенот на Грузија, Ника Квеквескири вели дека поразот од Македонија во Тбилиси никогаш нема да го заборават, тој нема да ги прогонува само до крајот на кариерата, туку и до крајот на животот.

Останато

На 12. ноември Македонија со гол на Горан Пандев во Тбилиси ја победи Грузија. Тој датум за нас е историја, со тој триумф се пласиравме на Европско првенство, а за Грузијците е вистинска трагедија. Имаа меч за пласман на континенталниот собир и загубија.

„Сите ние добро го паметиме тој меч, беше најважен за нашата земја, за нашата историја и болката и разочарувањето ќе останат не само до крај на кариера, туку до крај на животот за секој од нас. Но, да не зборуваме за одмазда, зашто ова сега е различно натпреварување и мечот не е така важен како тоа бараж-финале. Важен е дуелот за да продолжиме по патот кој сме го зацртале и да се избориме за добар резултат за да стигнеме до првото место на табелата што е наша цел“, додава Квеквескири.