24фудбал

Сањол: Не размислувам за одмазда, јас не ја водев Грузија кога загуби од Македонија

Селекторот на Грузија, француската фудбалска легенда, Вили Сањол вели дека Македонија оправдано важи за фаворит во групата од Лигата на нации, но тие ќе се обидат на теренот да ги освојат бодовите.

Останато

Утре (четврток) со почеток од 20:45 часот, Македонија ја пречекува Грузија во исклучително важен меч за првото место во групата од Лигата на нации.

Грузијците се први по двете одиграни кола, во Скопје доаѓаат со максимални шест бода, Македонија има четири и нема право на кикс.

„Сѐ уште стојам на тоа што го реков и пред почеток на овој циклус, дека Македонија играше на Европско првенство, ја победи Италија неодамна, игра одличен фудбал во последниве две години и апсолутно си ја заслужи фаворитската улога во оваа група. Но, зборовите не играат, делата се гледаат на терен, таму силата се покажува, а ние ќе видиме што може да направиме. Нѐ чека еден важен меч сега, следен во септември...“, вели Сањол.

„Македонија во Бугарија беше подобра, требаше да победи, имаше повеќе шанси, потоа многу сериозен меч одигра во Гибралтар на необичен вештачки терен. Македонија е селекција која има големо искуство, искуство стекнато во овој последен период, што влева голема самодоверба. Ние како Грузија сакаме да се концентрираме на себе, да идиме колку ќе покажеме, со каков интензитет ќе одиграме, а едно е сигурно дека утре е многу важен меч“.

„Тоа што се случи пред една ипол година за мене нема значење, јас не бев дел од таа селекција и за мене овој меч не е одмазда. Да, ова е исто натпреварување, ама сѐ друго е различно, друти селектори, други околности. И не треба да размислуваме што се случи пред 18 месеци. Треба да размислуваме како игравме во изминативе седум дека, да играме со ист интензитет. Ако така продолжиме, ако го задржиме тимскиот дух и интензитет, мислам дека ќе се вратиме во Тбилиси од Скопје со убави сеќавања“.