24фудбал

Крвта не е вода: Синот на Адриано има опасна левица исто како татко му (ВИДЕО)

Адриано Карваљо, син на поранешниот напаѓач на Интер, Адриано, покажа дека има опасна левица исто како татко му.

Јужна Америка

Популарниот „Император“ поради депресијата и алкохолот не ја направи кариерата која се очекуваше но Бразилецот кога беше во врвна форма сееше страв кај дефанзивците и голманите.

Адриано важеше за снажен напаѓач со силна левица, а дека крва не е вода, покажува неговиот син Адриано Карваљо. 15 годишното момче постигна хет-трик за неговиот клуб Серано во У17 натпревар, а првиот гол беше прилично атрактивен со удар од далечина.

Адриано на социјалните мрежи се пофали со мајсторијата на својот син и напиша дека е горд татко.