24фудбал

Баерн подготвува нова понуда, Мане бара помош од соиграч и преговара да се всели во куќата на Алкантара

Баерн подготвува нова понуда за Садио Мане откако Ливерпул го одби предлогот вреден 30 милиони евра, Сенегалецот пак преговара со соиграчот Тиаго Алкантара да се всели во неговата куќа во Минхен.

Германија

Шампионот на Германија подготвува нов атакт за ангажман на Садио Мане откако Ливерпул ја одби првата понуда вредна 25+5 милиони евра.

Баерн Минхен сега на маса ќе стави 40 милиони евра, односно 35 милиони евра како фиксен дел и додатни 5 милиони евра во бонуси.

Се говори дека овој предлог ќе биде по мерак на Ливерпул и двете страни набрзо ќе си подадат рака за трансфер.

Исто така, медиумите пренесуваат дека Садио Мане веќе прави планови за живот во Минхен и побарал помош од соиграчот Тиаго Алкантара. Сенегалецот сака да се всели во куќата на Шпанецот, која две години е празна по неговиот трансфер од Баерн во Ливерпул во 2020.