24фудбал

Гол на Нејмар доволен за победа на Бразил (ВИДЕО)

Бразил со 1-0 ја победи Јапонија во пријателски натпревар, Нејмар беше стрелец на единствениотгол на мечот.

Јужна Америка

Бразил беше подобар противник иако мечот се играше во тешки услови за игра, на силен дожд. По неколкуте пропуштени шанси, беше досуден пенал за Бразилците, а тие не ја пропуштија и таа можност.

Во 77. минута Нејмар прецизно го изведе ударот од белата точка и ја донесе победата на Бразил.