24фудбал

Ди Марија уште не знае каде ќе игра следната сезона, одлуката нема да зависи од него

Анхел Ди Марија вели дека се уште не донел одлука каде ќе игра во новата сезона, вели дека ќе потпише таму каде што семејството ќе му биде среќно.

Јужна Америка

Ди Марија силно се поврзуваше со Јувентус, но засега нема ништо конкретно од тоа, не се исклучува можноста тој да се врати во Аргентина, во својот прв професионален клуб, Росарио Централ.

Тој вели дека овојпат ќе остави неговото семејство да има влијание на одлуката бидејќи тие дале жртва да го следат секаде каде што играл досега.

„Се уште немам ништо на ум, фокусиран сум на аргентинската репрезентација. Потоа ќе видам што ќе се случи“, вели Ди Марија.

„Главна работа ми е моето семејство да е добро, веќе играв за големи клубови (Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ) Семејството ме следеше секаде каде што бев“.

„Сега ќе најдам место каде што тие ќе бидат среќни. Сега сум фокусиран само на националниот тим, па ќе одам на одмор, па потоа ќе одлучам“.

„Да, сум размислувал за враќање во Росарио Централ, секогаш сум велел дека тоа е нешто што сакам да го исполнам. Играв малку таму, немав можност да уживам и да го дадам најдоброто“.