24фудбал

Меси даде пет гола за Аргентина (ВИДЕО)

Аргентина со убедливи 5-0 ја победи Естонија во пријателски натпревар, а сите погодоци ги постигна Лионел Меси.

Јужна Америка

Меси шоу на пријателскиот меч проив Естонија, ги даде сите голови за својата репрезентација.

Серијата ја отвори од пенал во 9. минута, а пред самиот крај на првото полувреме зголеми на 2-0.

По две минути игра во вториот дел Меси комплетираше хет-трик, а во 71. и 76. ги даде четвртиот, односно петтиот гол.