24фудбал

Изненадување: ПСЖ го носи Мурињо за нов тренер?!

Неколку извори попладнево објавија дека Жозе Мурињо би можел да го наследи Маурисио Покетино на кормилото на ПСЖ.

Франција

Подолго време се најавува дека Маурисио Покетино ќе добие отказ, медиумите шпекулираа со Кристоф Галтие како негов наследник, а како опција се споменуваше и Марсело Гаљардо.

Последните информации говорат за изненадување од Париз и пристигнување на Жозе Мурињо на „Паркот на принцовите“.

Лидерите на ПСЖ сметаат дека со Жозе Мурињо на кормилото ќе имаат поголеми шанси за триумф во Лигата на шампиони. Зад ангажманот на „специјалниот“ стои Луис Кампос (кој треба да биде нов спортски директор), двајцата се добри пријатели и веќе соработуваа во Реал Мадрид.