24фудбал

Ван Бастен: Сакаме да гледаме фудбал, а не пејачи и танцувачи

На легендата на холандскиот фудбал, Марко ван Бастен не му се допаѓаат церемониите пред големите фудбалски настани.

Лига на Шампиони

Почетокот на финалето од Лигата на шампионите се одложи 40 минути поради хаосот со влегувањето на навивачите на Ливерпул.

Поради тоа нервозата кај присутните растеше, па во една таква ситуација фактот што финалето требаше да биде отворено со музичка изведба некои дополнително ги изнервира.

Еден од нив е Марко ван Бастен кој нервозно изјави по мечот: „Сакаме да гледаме фудбал, но принудени сме да гледаме како некој пее со танцувачи. УЕФА и ФИФА се обидуваат да прават пари со фудбалски натпревар. Тргнете ги овие работи подалеку од нас, ние сакаме да гледаме фудбал“.