24фудбал

Винисиус, Бензема и Мбапе се во нападот од тимот на сезоната во ЛШ (ФОТО)

Малку фалеше оваа тројка следната сезона да биде и реалноста на нападот на Реал Мадрид, но сега само виртуелно може да биде во ист тим.

Лига на Шампиони

УЕФА денеска го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите во формација 4-3-3.

На голот е Тибо Куртоа, централно во дефанзивата се Ван Дајк и Ридигер, бековите се Робертсон и Александер-Арнолд, во средниот ред се Фабињо, Модриќ и Де Брујне, а напаѓачкото трио е Винисиус, Мбапе и Бензема.

За најдобар фудбалер е прогласен Бензема, а наградата за најдобар млад играч ја доби Винисиус.