24фудбал

Официјално: ПСЖ плати 40 милиони евра за Нуњо Мендеш

ПСЖ ја искористи опцијата комплетно да го откупи Нуњо Мендеш за 40 милиони евра од Спортинг Лисабон.

Франција

ПСЖ информираше дека трансферот на Мендеш сега е перманентен, португалскиот лев бек сега стави потпис на договор до 30 јуни 2026 година.

Во првата година во ПСЖ која ја помина на позајмица, Мендеш одигра 37 натпревари. Иако има само 19 години беше прогласен за најдобар лев бек во француското првенство.