24фудбал

Првиот човек на Сити: Перез ми честиташе во 82. минута... потоа ми беше срам да седам до него

Претседателот на Манчестер Сити, Калдон Ал Мубарак открива дека добил честитка од Флорентино Перез во 82. минута од реваншот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, но потоа му било срам да седи во свечената ложа.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити беше на чекор до финале од Лигата на шампиони но Реал Мадрид реализираше кам-бек за паметење. Родриго со два гола во финишот од мечот ги врати „кралевите“ во живот, а потоа Карим Бензема во продолжението ги фрли „граѓаните“ на колена.

Првиот човек на Манчестер Сити, Калдон Ал Мубарак сега открива дека добил честитка од Флорентино Перез за пласман во финалето, и потоа му било срам да седи во свечената ложа кога противникот го свртел резултатот.

„Флорентино Перез ми честиташе, мислам дека беше 82. минута или така нешто. Потоа ми беше навистина тешко да седам покрај него. Го имавме натпреварот, но таков е фудбалот, понекогаш се случуваат вакви работи“ – вели Калдон Ал Мубарак.