24фудбал

Бензема со прегратка го пречека Мбапе (ВИДЕО)

Синоќа француската репрезентација го имаше својот собир во пресрет на мечевите од Лигата на нации, а на медиумите им беше посебно интересна средбата меѓу Бензема и Мбапе.

Франција

Во изминатиот период Бензема се обидуваше да влијае на одлуката на Мбапе да се пресели во Реал Мадрид, но неговата мисија се покажа неуспешна, младиот напаѓач се одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ.

Откако се случи тоа, Бензема одбиваше да одговара на прашања поврзани со одлуката на Мбапе да го одбие Реал Мадрид.

Поради тоа средбата меѓу Бензема и Мбапе беше во фокусот на новинарите.

Бензема пристигна поради од Мбапе во кампот на репрезентацијата на Франција, а кога Килијан пристигна, тие срдечно се прегрнаа.

Франција на 3 јуни игра против Данска, се очекува Мбапе да биде стартер на тој меч, а Бензема да биде на клупата поради замор од доцна завршената сезона.