24фудбал

Левандовски: Не сакам веќе да играм за Баерн, се надевам дека тие нема да ме држат

Роберт Левандовски уште еднаш кажа дека нема намера веќе да игра за Баерн Минхен и изрази надеж дека ќе добие зелено светло од германскиот клуб за да замине.

Германија

Роберт Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен, но сака да се пресели во Барселона ова лето.

„Мојата ера во Баерн заврши. Не гледам некаква можност да играм за тој клуб веќе“, вели Левандовски.

„Баерн е сериозен клуб и верувам дека нема да ме држат, не знам да играм таму веќе. Трансфер е најдобро решение. Се надевам дека нема да ме спречат бидејќи имам договор до јуни 2023“.

„Сега не би можел да кажам нешто повеќе од ова“.