24фудбал

Нејмар: Во ПСЖ има фудбалери кои не разбираат како Меси игра

Нејмар застана во одбрана на Лео Меси, вели дека на Аргентинецот не му било лесно да се прилагоди на новата средина, особено што добар дел од фудбалерите на ПСЖ не го разбираат како игра.

Франција

Лео Меси минатото лето ја напушти Барселона и се пресели во Париз, но неговата прва сезона во ПСЖ не беше според очекувањата.

Според Нејмар, на Аргентинецот не му било лесно да се прилагоди, а во прилог не му одело и тоа што добар дел од фудбалерите на ПСЖ не го разбираат како игра.

„Лео помина многу години во Барселона, тешко е да се прилагодите. Тешко е кога се менуваат клубови и градови. Исто така не дојде сам, туку со целото семејство. Јазикот е различен па има многу работи кои креираат конфузија“ - вели Бразилецот.

„Стилот на игра исто така не е ист, има многу фудбалери на ПСЖ кои не разбираат како Меси игра“.