24фудбал

Донарума: А можевме ние да бидеме на местото од Реал Мадрид...

Голманот на ПСЖ, Џиџо Донарума има големи пофалби за Тибо Куртоа, но жали што тие не ја слават титулата од Лигата на шампионите на местото од Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

ПСЖ беше една од жртвите на Реал Мадрид на патот до големиот трофеј. Кралскиот клуб со магичен пресврт дојде до победата, а Донарума беше критикуван за лош перформанс.

За разлика од него, Куртоа имаше блескав дуел против Ливерпул и беше прогласен за играч на натпреварот.

„Тој е најдобриот голман во Европа, без сомнение. Го гледав натпреварот и тој бранеше неверојатно, имаше одлични одбрани и го одржа Реал Мадрид на нозе до крајот“, вели Донарума.

„На местото на Реал Мадрид можевме да бидеме ние, но за жал тоа е фудбалот“.