24фудбал

Левандовски испрати нова порака до Баерн: Мојата ситуација е прилично јасна

Роберт Левандовски уште еднаш му порача на Баерн Минхен дека мали се шансите следната сезона да го носи „цевениот“ дрес.

Германија

По дуелот со Волфзбург во последното коло од оваа сезона, Роберт Левандовски изјави дека тоа веројатно е неговиот последен натпревар во Баерн Минхен.

Раководството на „баварците“ веднаш му одговори и порача дека напаѓачот ќе треба да ја одработи и последната година од договорот.

Сепак, Роберт Левандовски не се предомислува и вели дека неговата авантура во Минхен е речиси завршена.

„Мојата иднина завриси од неколку фактори но мислам дека ситуацијата е прилично јасна и нема потреба да говорам многу. Тешко е да се каже дека и следната сезона ќе играм во Баерн Минхен“ – рече Полјакот во разговор со Елевен Спортс.

Тој потоа даде кратка изјава и Скај и рече: „Ќе дојде време кога ќе треба да кажам нешто повеќе. Мислам дека наскоро ќе можам да споделам нешто ново.

Роберт Левандовски е желба на Барселона и се говори дека „каталонците“ со месеци работат со неговиот агент Пини Захави на трансфер на Камп Ноу.