24фудбал

УЕФА ги обвини навивачите на Ливерпул за хаосот кој се случи пред финалето од ЛШ

Финалниот меч од Лигата на шампионите почна со речиси 40 минутно задоцнување поради немилите случувања пред портите на Стад де Франс, УЕФА прстот го впери во навивачите на Ливерпул.

Лига на Шампиони

Срамна организација е благо речено тоа што се случуваше пред мечот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Многу англиски навивачи со билети не можеа да влезат поради тоа што дури се обидуваат со лажни билети или без влезници да го направат тоа.

УЕФА како организатор на мечот вината не ја бара во себе, туку прстот го впери кон несовесните навивачи.

„Пред мечот портите на кои беа навивачите на Ливерпул беа блокирани од страна на илјадници навивачи кои купиле лажни влезници кои не можеа да се чекираат пред влезот. Тоа направи голема гужва меѓу луѓето кои пробуваа да влезат“, стои во соопштението на УЕФА.

„Како луѓето пристигнуваа, полицијата мораше да ги растера со солзавец. УЕФА жали за оние кои настрадаа поради овој инцидент и набрзо ќе ги преземе следните чекори со француската полиција и Француската фудбалска федерација“.

„Многу сме разочарани што имаше проблеми на влезот. Ова е најголем натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да искусат работи на кои сведочевме“.