24фудбал

Ливерпул бара истрага за хаосот кој се случуваше на влезот од стадионот во Париз

Ливерпул излезе со соопштение во кое бара истрага за случувањата пред стадионот „Стад де Франс“ во Париз.

Лига на Шампиони

Многумина навивачи на Ливерпул со билет не успеаа да влезат на финалето од Лигата на шампионите. Пред стадионот се создаде хаос откако фанови на англискиот клуб се обидоа да влезат без билет.

Најголемиот дел од вината го сноси организаторот, а во Ливерпул се бесни и поради однесувањето на полицијата која употреби и солзавец.

„Премногу сме разочарани поради проблемите при влезот на стадионот и лошата реакција на обезбедувањето со која се соочија фановите на Ливерпул на Стад де Франс. Ова е најголемиот меч во европскиот фудбал и навивачите не треба да искусат сцени како овие вечерва. Официјално бараме формална истрага за случувањата кои се неприфатливи“, се вели во соопштението на Ливерпул.