24фудбал

Кога Ливерпул се пласираше во финалето од ЛШ, Клоп ги повика навивачите и без билет да одат во Париз! (ФОТО)

Една несреќна изјава на Јирген Клоп се посочува како една од причините за хаосот кој се создаде пред стадионот во Париз и за повеќе од половина час го одложи почетокот на финалето.

Лига на Шампиони

На 6. мај, Јирген Клоп им порача на навивачите на Ливерпул да одат во Париз без разлика дали имаат билет или не и покрај тоа што клубот им порача на оние без влезници да останат во Англија.

Клоп немаше лоша мисла, неговата идеја беше навивачите на Ливерпул кои немаат билет да го гледаат натпреварот некаде во Париз, не на стадионот, но работите излегоа од контрола.

Во Париз се присутни десетици илјади фанови на Ливерпул кои немаат билет, а дел од нив пробуваа да влезат на мечот, поради нив и дел од навивачите со влезници не успеаа да дојдат до своето место иако платиле за тоа.

Многумина сега и кај Клоп ја бараат вината за немилите сцени кои се случуваа во Париз.